Во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ ПАКТИС додели дипломи за завршени обуки на младите лидери, од областите на:
- Алатки за граѓански активизам
- Истражување и стратешко планирање
- Медиа и улична уметност
Во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ ПАКТИС додели дипломи за завршени обуки на младите лидери, од областите на:
Во рамки на проектот „Лидери на заедницата“, здружението ПАКТИС Прилеп организираше настан „Од желба, до реалност“, којшто произлезе како идеја од младите лидери обучувани со проектот. На поставена новогодишна елка на плоштадот во Прилеп, користејќи го хаштагот #Посакувам граѓаните испишуваа пораки и желба за реалноста во која сакаат да живеат во иднина. На овој начин се слушнаа вистинските желби на прилепчани за состојбите кои сакаат да се променат во општеството, како и во нивните лични животи. #ЛидериНаЗаедницата Повеќе
Со цел ефективно употреба на новите знаења и вештини, стекнати низ серијата обуките во рамки на проектот „Лидери на заедница“,беа одржани две работилници во кои младите лидери од Прилеп работеа на препознавање и мапирање на актуелните општествени проблеми, како и на начините за поткревање на јавната свест за истите.
Во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ и под девизата „Вистинските лидери создаваат нови лидери, не следбеници“ се одржа втората серија на интезивни обуки на 10 кандидати од програмата „Создаваме млади лидери“ во Прилеп. Тренингот се спроведе во 3 модули од областите на „Истражување и стратешко планирање“, „Односи со јавност“ и „Медиа и улична уметност“. Повеќе
Во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ ПАКТИС организираше обука за зајакнување на капацитетите на 10 потенцијални млади лидери и лидерки во рамки на Општина Прилеп. Водејќи се од премисата „Вистинските лидери не создаваат следбеници, туку нови лидери“ своето искуство и знаење со младите го споделија Никола Писарев и Васко Лазаревски, и двајцата долгогодишни граѓански активисти. Повеќе
Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС од Прилеп, во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ објавува оглас за обука на 10 млади лидери. Избраните кандидати ќе поминат тренинг од областите на :
Обуките за трите модули ќе бидат спроведени во месеците Август и Септември 2015.
Повикот е отворен до 10 Август 2015.
Пријава
Здружението Центар за стратегии и развој – ПАКТИС во соработка со Младински образовен Форум – МОФ, на 29-ти и 30-ти Ноември, 2014 година, организираше дводневен тренинг на тема „Истражувачки алатки“. Обуката ја поминаа 20 млади лица, кои се стекнаа со основните вештини за спроведување на квалитативно и квантитативно истражување, наменето за спроведување на анкети, интервјуа, прашалници, како и за сите останати видови на тематски истражувања. Повеќе
Предизвиците на младите – борба за подобар живот дома, или неповратен билет во еден правец? Повеќе