За пошироката јавност, кажете ни нешто повеќе за Вас самите. Што сте по образование и струка, и дали бевте работно или професионално ангажиран во Прилеп?
- Несмасен демократ, трагач по вистината и прилепчанец. Завршив на факултетот за Администрација и менаџмент на информациски системи и за жал во агенцијата за вработување немам ниту еден ден работен стаж. Тука, би искажал голема благодарност до владејачката гарнитура за можноста практично да се усовршам во лепење плакати и делење пропаганден материјал.
На бојното поле со нелојална конкуренција застанал скоро секој од нас во обид да стапне на „заштитено“ тло, кое некако кај нас се сведува на редовен работен однос со минимални примања. Работите како што се патувања, одвојување време за себенаобразба, во македонскиот систем за мене се непознати дури и непрактични. Ваквите пранги на општествениот симбол на обичниот живот, не само што ме отрргнуваа од идејата да пробам да бидам слободен, туку и ги уништуваат оние палави соништа, кои ги гаиме во себе дека еден ден ќе биде поразлично. Концептот на иднината е толку изопачен во Македонија што јас се почуствував како да открив нова цивилизација тука, во САД. Да не должам, вонземјани постојат. Тука се, во највисокиот пирамидален дел на делење на колачот во Македонија и не одат во Охрид на одмор.
Повеќе
Дарко Чергоски – „Мојата Приказна“ November 6th, 2015admin